Остануваат уште нешто повеќе од девет недели до службениот излез на Велика Британија од Европската Унија, но се уште не постои прифатен договор околу условите за напуштањето и идните односи на зејмата со унијата.
Британскиот парламент мината недела со 432 гласови „против“ и 202 „за“ го отфрли договорот кој премиерката Тереза Меј го постигна со Брисел.
„Мислам дека уште еден референдум би ја решил состојбата. Луѓето како мене ќе прифатат доколку гласачите одново изберат излез од унијата, дека тоа е тоа, изјави на Светскиот економски форум во Давос, поранешниот лидер на лабуриститте Тони Блер, кој се противи на излегувањето на земјата од Европската унија.
Comments are closed for this post.