За да се изберат водечките позиции потребно е единство меѓу 28-те шефови на држави и влади во Советот на ЕУ и мнозинство во неодамна избраниот Европски парламент. Новите пратенички групи во Парламентот сѐ уште немаат постигнато договор за тоа кој од нивните „врвни кандидати“ ќе биде идниот претседател на Европската комисија коментита „Дојче Веле“
Досега најголемите блокови во Европскиот парламент – демохристијаните и социјалдемократите се видно ослабени на последните европски избори. Либералите, Зелените и десните популисти се засилени. За стабилно мнозинство е потребна соработка меѓу првите четири групи, за никој да не коалицира со десните популисти. Христијанските демократи кои се сѐ уште најсилната фракција, инсистираат шефот на пратеничката група Манфред Вебер од германската ЦСУ, да биде идниот претседател на ЕК. Тоа не само што го одбиваат другите партии во парламентот, туку против се и некои шефови на држави и влади во Советот на Европа. Советот го има правото да ги предлага кандидатите, и без нивната номинација Парламентот не може да гласа за никого-стои во коментарот.
Comments are closed for this post.