Брентон Тарант е терористот кој ликвидираше 40 луѓе во џамија во Нов Зеланд. Медумите објавија видео во кое тој на Фејсбук оди да убива, а во неговиот автомобил се слуша песна посветена на поранешниот претседател на Репбублика Српска, Радован Караџиќ кој е осуден од судот во Хаг.
Песната што Тарант ја пее додека вози кон џамијата во Крајстчер е „Караџиќ ги води своите Срби..“ која се пеела за време на војната во Босна и Херцеговина.
Полицијата испитува каква е поврзаноста на напаѓачот со Балканот. Тој убиството го снимал со камера која ја поставил на шлемот. Кога ги испукал сите куршуми се вратил по уште муницијата во автомобилот. Кога се вратил во џамијата ги барал повредените да ги допука. Видеото завршува со негово заминување од џамијата.
Comments are closed for this post.