Помеѓу петте мажи уапсени на почетокот од мај за планирање на напад на Елисејската палата, еден од нив е осомничен дека сакал да изврши атентат кон поранешниот претседател Франсоа Оланд.

Според телевизијата БФМТВ, Хамид С., 16-годишно момче е уапсено во Стразбур, кое според наводите сакало да го нападне Франсоа Оланд. Во неговиот телефон, истражителите пронашле фотографија на која тој е заедно со поранешниот претседател на Републиката.

На фотографијата, тинејџерот е застанат до поранешниот шеф на државата со подигнат показалец кон небото, гест што ја симболизира верата во исламот.

Осомничениот 16-годишник е од чеченско потекло. Во брифингот полицијата препорача да се зајакне безбедноста на поранешниот претседател на Републиката.