Средбата меѓу германската канцеларка Ангела Меркел и британската премиерка Тереза Меј во Берлин започна со гаф. Меркел беше излезена да ја пречека својата гостинка на црвениот тепих, но при притигнувањето на автомобилот на Меј дојде до комична ситуација.
Асистенката на Меј не успеа да ја отвори задната врата на службениот „мерцедес“, а задачата се покажа невозможна и за телохранителот. По кратко натегање, британската премиерка сепак успеа да излезе од автомобилот и со широка насмевка се поздрави со својот домаќин.
Весникот „Индепенднт“, меѓутоа, не ја пропушти можноста да го демонстрира англиското чувство за хумор. „Тереза Меј се мачи со уште едно излегување…да се извлече од автомобилот во Берлин“, напиша британското издание во текстот на Фејсбук.
Британската премиерка е во обиколка на европските престолнини во обид да добие поддршка за планот за Брегзит.
Comments are closed for this post.