Температурите во Израел достигнаа рекордно ниво и регистрирана е највисока некогаш измерена температура во земјата, потврди израелскиот метеоролошки завод.

Температурата во Содом, во близина на Мртвото Море, во средата изнесувала речиси 50 степени Целзиусови.

Во текот на денот, на неколку локации во земјата избувнале пожари. Неколку луѓе се полесно повредени и евакуирани се околу 200 куќи.