Бројот на загинатите од тајфунот Лекима во Кина се искачи на 44, откако нови жртви предизвика одрон на земја во Жезијанг на исток на земјата, предизвикан од поројните дождови.
Смртоносниот тајфун продолжи да се движи по кинескиот брег предизвикувајќи милијарди долари штета и сериозни проблеми во сообраќајот.. Медиумите јавуваат дека како исчезнати се водат 16 лица.
Ураганот Лекима удри на континенталниот дел на Кина во саботата изутрината и продолжи да се движи кон копното во провинцијата Жезијанг со брзина од 187 километри на час. Центарот на бурата потоа продолжи да се движи кон север во провинцијата Шандонг.
Заради ураганот евакуирани се повеќе од еден милион луѓе.
Во моментот се проценува дека Лекима предизвика штета во висина од над 2 милијарди евра.
Comments are closed for this post.