Свештеник од катедралата Нотр Дам тврди дека сите скапоцени артефакти и уметнички дела се спасени од историската зграда.
Николас Делесал на Твитер напиша:
Добра вест: сите уметнички дела се спасени. Богатството на Катедралата е недопрено, Круната од трње, Светите реликвии“.
Une bonne nouvelle : toutes les œuvres d’art ont été sauvées. Le trésor de la cathédrale est intact, la couronne d’épines, les saints sacrements. #NOTRE_DAME
— Nicolas Delesalle (@KoliaDelesalle) April 15, 2019
Катедралата Нотр Дам, едно од обележјата на Париз ја зафати пожар, а падна и покривот на главната кула. Причината засега не е позната, но се верува дека пожарот е поврзан со реновирањето на катедралата.
Стотици жители на француската метропола во ужас го гледаа густиот чад од околните мостови во шок и неврување.
Францускиот претседател Емануел Макрон го откажа планираното обраќање во јавноста поради „ужасниот пожар“ во катедралата Нотр Дам. Елисејската Палата соопшти дека претседателот се упатил кон катедралата.
Нотр-Дам е пламен, емоции на целата нација. Мислам на сите католици и на сите Французи. Како и сите наши сонародници, тажен сум кога гледам дека гори овој дел од сите нас“, напиша претседателот Емануел Макрон на Твитер.
Notre-Dame de Paris en proie aux flammes. Émotion de toute une nation. Pensée pour tous les catholiques et pour tous les Français. Comme tous nos compatriotes, je suis triste ce soir de voir brûler cette part de nous.
— Emmanuel Macron (@EmmanuelMacron) April 15, 2019
Comments are closed for this post.