Сопругот на демократскиот претседателски кандидат Камала Харис, Даг Емхоф, се најде во центарот на скандал откако призна дека ја изневерил сопругата – со дадилка.

На почетокот на овој месец, сопругот на Камала Харис јавно призна дека прељубата ја направил додека бил во брак со Керстин Емхоф. Тој не само што имал афера со дадилката, туку и станал татко на нејзиното дете!

Дадилката на семејството, Нагин Нејлор, не сакала да го задржи бебето, и многу брзо ја прекинала бременоста, пишува Дејли Мејл. Даг Емхоф реши да проговори по овие сознанија, но не ја коментираше бременоста на неговата тогашна љубовница.

„За време на мојот прв брак, Керстин и јас поминавме низ тежок период поради моите постапки.