Француската полиција повеќе пати денеска употреби солзавец кога некои од учесниците во протестот на „жолтите елеци” се обидоа да скршнат од одобрената маршрута, додека други превртеле големи канти за отпад, барајќи шишиња кои би ги искористеле како оружје.
Низ улиците на Париз и денеска се собраа повеќе стотици луѓе на еден од седумте протестни места, кои се одржуваат 14-та сабота по ред во францускиот главен град.
Првите демонстранти се собраа на симболичната локација во близина на Триумфалната порта, од каде тргнуваат кон Ајфеловата кула движејќи се низ париските улици.
Протестите, кои почнаа поради зголемување на данокот за гориво, а прераснаа во масовно движење против претседателот Емануел Макрон и неговата политика, ги обележа насилство.
Comments are closed for this post.