Поранешен вработен во погоните на Мерцедес во Виторија (Шпанија) влегол со багер во фабриката каде се произведуваат модели на патнички и товарни возила Mercedes Vito и V-Class и предизвикал штета од пет милиони евра.

Тој  ја пробил вратата на фабриката а обезбедувањето пукало во воздух за да со спречат.

Уништени се околу 50 возила а багерот го украл од една градежна компанија и го возел 20 километри пред да влезе во фабриката.