Интензивните снежни врнежи во францускиот регион Оверњ-Рон-Алп и соседните региони, јужно и западно од Лион, предизвикаа хаос во сообраќајот и оставија без струја речиси 200 илјади домаќинства.
“On a complètement été livrés à nous-mêmes.” Le calvaire d’automobilistes bloqués toute la nuit par la neige dans la Loire pic.twitter.com/IJWVQd78Dn
— BFMTV (@BFMTV) October 30, 2018
Во одредени градови и села формирана е снежна прекривка од околу 40 центиметри, а телевизиските снимки прикажуваат стотици возила како стојат поради неочекуваните врнежи. Во текот на ноќта беа блокирани околу 900 камиони, а неколку стотина возачи ги напуштија возилата во потрага по безбедно преноќиште.
Ces automobilistes sont toujours bloqués par la neige ce matin sur la RN88, entre la Loire et la Haute-Loire pic.twitter.com/DVAK1QG3Zq
— BFMTV (@BFMTV) October 30, 2018
Машините за чистење снег се на патиштата, а француската електродистрибуција се обидува да воспостави нормално напојување со струја.
Neige : les naufragés de la route filment leur galère pic.twitter.com/twYMjxjw52
— BFMTV (@BFMTV) October 30, 2018
Comments are closed for this post.