Саудиските служби имале целосен пристап до мобилниот телефон на убиениот новинар Џемал Кашоги. Пресретнати биле разговорите и пораки што Кашоги ги имал со дисидентот Омар Абдулазиз.

Тие цело време комуницирале на мрежата „Ватсап“ но тоа било лесна цел на саудиските власти.Во разговорите Кашоги принцот го нарекувал „ѕвер“ и „Пакман“.

-Што повеќе жртви изеде уште повеќе ќе биде незаситен. Не би ме чудело неговата опсесија да достигне и по оние што навиваат за него-пишувало во една од пораките.