Американските федерални службеници и туристите почнаа да ги чувствуваат последиците од блокадата на Владата, јавуваат локалните медиуми.
Додека претседателот Доналд Трамп и членовите на Конгресот преговараат, околу 800.000 вработени во федералната Влада се прашуваат кога ќе ја добијат следната плата.
За тоа време, улиците на главниот град Вашингтон се пусти, поради затворените музеи кои се финансираат од федералниот буџет, а во националните паркови ширум земјата се трупа отпад, пренесе Гласот на Америка.
Со делумната блокада на Владата погодени се девет секретаријати, а нивните вработени се или на принуден одмор, или доаѓаат на работа, но без плата.
Популарните, бесплатни музеи и галерии во рамките на институцијата „Смитсониан” работеа извесно време после блокадата на федералната Влада, користрејќи ги своите фондови, но од почетокот на новата година ги затворија вратите, откако останаа без пари.
Меѓу нив се вашингтонската зоолошка градина, музеите на воздухопловството и афроамериканската историја, Природонаучниот музеј и неколку галерии.
Поради блокадата не работат ни службите за чистење на патишта, и поради лизгавите патишта зголемен е бројот на сообраќајќи во националните паркови Секвоја и Кингс Кањонот во Калифорнија
Comments are closed for this post.