Патниците што се враќаат во Германија од области со висок ризик ќе мора да бидат тестирани за коронавирус од сабота, објави денеска министерот за здравство на таа земја, Јенс Шпан и предупреди дека забрзаниот раст на бројот на заразени лица е причина за загриженост.
Обраќајќи се откако, за прв пат од мај, дневно се регистрираа над 1.000 заразени лица, Шпан рече дека бесплатното задолжително тестирање ќе се применува од сабота.
Тој додаде дека поголем број извршени тестови се делумно одговорни за зголемувањето на бројот на заразени лица, но го посочи и големо влијание на патниците кои се враќаат од странство и послабата почит кон мерките за физичко растојание.
Задолжителното тестирање не значи дека патниците ќе треба да бидат ставени во карантин за две недели.
Секој што ќе одбие да биде тестиран може да плати казна до 25.000 евра.
Разбирам дека на луѓето им е преку глава, но треба да знаат дека пандемијата никогаш не била толку сериозна, рече Спан.
Германија ги означи скоро сите земји во светот надвор од Европската унија како високо-ризични, како и одредени области во рамките на блокот, како што се Арагон, Каталонија и Наваре во Шпанија и Антверпен во Белгија.
Comments are closed for this post.