Американската Влада ги зголеми за двојно проценките за штетите што економијата на САД ги трпи од делумната блокада на федералните органи, јави „Си-Ен-Би-Си“.
Повикувајќи се на извор од Владата, телевизискиот канал дознава дека со секоја измината недела од блокадата, бруто домашниот производ (БДП) на САД се намалува за 0,1 отсто. Претходно се оценуваше дека блокадата ќе го намали растот на БДП за 0,05 отсто неделно.
Изворот уточнува дека првичната проценка се темели на последиците од тоа дека околу 800 илјади државни службеници не примаат плата, додека во новата проценка се пресметани и приватните изведувачите кои исто така остануваат без плата.
На тој начин, ако владата не се отвори до крајот на јануари, растот на американската економија во првиот квартал годинава ќе се намали за 0,5 отсто.
Се додава дека оценката на последиците од делумната блокада на федералните орагни се усложнува поради самата блокада, бидејќи се одложува изготвувањето и објавувањето на многу важни макроекономскии индикатори.
Исто така, под прашање е и првичната оценка за БДП во четвртиот квартал на 2018 година, која треба да биде објавен на 30 јануари. Сеуште не се знае дали ќе има доволен број на вработените во Бирото за економска анализа при Министерството за трговија кои можат да ја завршат анализата на сите податици во дадениот рок, јавува „Си-Ен-Би-Си“.
Comments are closed for this post.