Премиерот на Јапонија Шинзо Абе најави зајакнување на соработката и пријателството на неговата земја со Кина, во очи на првата посета на јапонскиот лидер на Пекинг во последните седум години.
Абе пред параламентот рече дека Јапонија и Кина се одговорни за мирот и просперитет на регионот и се надева оти тоа ќе биде остварено со јакнење на соработката и пријателството меѓу двете земји во сите области, од земјоделство до спорт и политиката.
Јапонскиот премиер утре ја стартува тридневната посета на Кина за време на која ќе се сретне со претседателот Си Џипинг и премиерот Ли Кечијанг.
Абе најави дека Јапонија ќе ги отвори вратите за голем број странски работници заради недостаток од работна сила. Тој минатиот месец е реизбран за претседател на владеачката Либерално демократска партија, а премиер е на Јапонија од 2012 година.
Comments are closed for this post.