САД го вклучија алармот откако се појавија „знаци на активности“ забележани на севернокорејскиот полигон за лансирање на ракети Сохе, непосредно по фактички неуспешниот самит на Доналд Трамп и Ким Џонг-ун, цени американскиот центар за истражување врз основа на сателитски снимки.
„Забележената активност наговестува дека Пјонгјанг започнал брза реконструкција на инсталацијата по неуспешниот самит во Ханој“, оценува Центарот за стратешки и меѓународни студии од Вашингтон, врз основа на сателитските снимки.
Сохе беше главниот полигон за лансирање сателити во Северна Кореа од 2012 година. Иако никогаш не е користен за тестирање на балистички ракети кои се сметаат за провокативни, раздвижувањто на полигонот Сохе влева страв кај големите сили.
Според најновите сателитски снимки, се чини дека Северна Кореа го обновува полигонот за лансирање кој вети дека ќе го демонтира, велат аналитичарите, а пренесува ББЦ.
Satellite photos show North Korea has begun a rapid rebuilding of a missile launch site that has been inactive since last summer. https://t.co/y5PT3GNbSh pic.twitter.com/CRt15Zj6GU
— ABC News (@ABC) March 6, 2019
Размонтирањето на полигонот Сохе започна минатата година, но сопре кога започнаа преговорите помеѓу Трамп и Ким Џонг-ун. Чинот на демонтажа беше протолкуван како чекор кон изградба на доверба меѓу двете влади.
Comments are closed for this post.