Северна Кореја истрела три балистички проектили кон исток денеска, само ден откако заврши азиската посета на американскиот претседател Џо Бајден, јави ДПА.
За едниот истрел, постои сомневање дека станува збор за интерконтинентална балистичка ракета, што прелета околу 360 километри на височина од 540 километри, според Генералштабот на јужнокорејската војска.
Останатите два проектили се сметаат за балистички ракети со краток дострел.
Пјонгјанг проектилите ги насочи кон Јапонското Море, познато и како Источно Море.
Министерството за одбрана на Јапонија исто така потврди за три проектили на Северна Кореја. Два биле балистички проектили, а третиот се анализира.
Од Белата куќа претходно беше кажано дека постои „вистинска можност“, Пјонгјанг да изврши ракетно тестирање, во период околу посетата на Бајден на Јужна Кореја и Јапонија.
Вашингтон предупреди и дека Северна Кореја можре да тестира нуклеарно оружје уште во мај, што би било прв тест од ваков тип, во речиси пет години
Comments are closed for this post.