Севернокорејската новинска агенција КЦНА објави фотографии на кои се гледа Ким Џон Ун кој, судејќи по сè, врши обиколка на изградба на подморници. Лидерот на Северна Кореја бил информиран за деталите во врска со подморницата, операционите и тактички податоци и информации за борбениот систем.
Ким, како што пренесува СиЕнЕн, изразил огромно задоволство и нагласил дека е потребно константно и сигурно подигнување на одбранбената способност на земјата така што напорите ќе се насочуваат кон развој на поморското наоружување и опрема.
Ким рекол и дека подморницата „наскоро“ ќе биде испратена во водите на Северна Кореја, на истокот од земјата.
Аналитичарите велат дека севернокорејскиот лидер бара начин да изгради подморница која ќе може да поседува нуклеарно оружје како би се зголемила способноста на одвраќање. Пјонгјанг во 2016, успешно тестираше лансирање на балистичка ракета од подморница.
Се верува дека Пјонгјанг има флота од околу 70 подморници, експертите наведуваат дека поголемиот дел од нив се веќе застарени, бучни и дека не се способни да лансираат нуклеарни ракети.
Comments are closed for this post.