Американецот Семјуел Литл на 78 годишна возраст призна дека во животот извршил над 90 убиства низ целата држава.
Во текот на четириесетина години тој убил околу 90 жени и со тоа стана ,,најефикасен” сериски убиец во американската историја. Денеска тој призна пред судот дека убивал жени низ целата држава од 1970 до 2005 година.
Истрагата веќе го поврза со 34 убиства , а за другите нема доволно докази. Литл во моментот отслужува казна доживотен затвор , откако во 2014 бил осуден за убиство на три жени.
Седиме во присуство на зло во својот најчист облик., рече шерифот на округот Мерион , Мајкл Монгелузо , кој во затворот во четири очи разговарал со убиецот.
Comments are closed for this post.