Сексуалните злоупотреби се толку распространета практика во Северна Кореја, што се „прифатени како дел од нормалниот живот“, тврди организацијата „Хјуман рајтс воч“ во извештајот за сексуалното насилствово таа азиска држава, што беше објавен синоќа.
Севернокорејски функционери, вклучително и високопоставени партиски членови, затворски службеници, полицајци, обвинители и војници вршат сексуална злоупотреба „без многу загриженост за последиците“, велат од организацијата.
Стравувајќи од одмазда или јавно дискредитирање, жените ретко пријавуваат злоупотреби и властите ретко ги испитуваат или гонат такви случаи, се наведува во извештајот.
Невладината организација со седиште во Њујорк интервјуирала 54 Севернокорејци, кои ја напуштиле земјата од 2011 година и осум поранешни севернокорејски официјални претставници.
Уапсените жени не можат да сторат ништо за да го избегнат сексуалното насилство, бидејќи секоја жалба може да доведе до понатамошно казнување, вклучувајќи физичка казна или принудната работа, наведуваат од „Хјуман рајтс воч“.
Comments are closed for this post.