Индонезија планиа да воведе ново кривино дело кое ќе го криминализира вонбрачниот секс и ќе воведе строги казни за оние кои го вреѓаат достоинството на претседателот.
Организациите кои се занимаваат со човековите права законот го окарактеризираа како напад на основните човекови права.
Земјата во која мнозинското население е муслиманско, но каде живеат и христијани, хинду и будистичко малцинство, се повеќе се свртува кон конзервативниот ислам. Новиот закон би требало да биде усвоен следната седмица откако тамошниот парламент и владата го усогласуваат неговиот нацрт.
Оваа нова правна рамка би требало да ги замени старите закони кои датираат од времето додека Индонезија била холандска колонија.
Според предлогот на новиот закон, паровите кои не се во брак, а живејат заедно како маж и жена може да биде казнен со затворска казна од шест месеци или парична казна од 710 долари, што се отрпилика тримесечна плата во оваа земја.
Истражувањата покажуваат дека 40 отсто од адолесцентите во оваа земја кои не се во рак се сексуално активни. Со четири години затвор според новиот закон може да се казни жената која направила абортус, а како мотив не било силување или медицински причини.
Исто така, новиот закон воведува казна за напад на честа и достоинството на индонезискиот претседател и потпретседател, како и вреѓање на владата и државните институции.
Казните ќе се применуваат и на странци.
Comments are closed for this post.