Еден од големите дигитални билборди на популарниот Тајмс сквер во Њујорк беше запален, но пожарот беше брзо угаснет и нема повредени луѓе.
Пламенот избувна околу 22 часа минатата ноќ. Корисниците на социјалните мрежи објавија фотографии и видеа кои го прикажуваат пожарот на билбордот, кој во моментот емитувал реклама на вотка како спонзор на прославите на WorldPride во Њујорк следниот месец.
Њујоршката противпожарната бригада соопшти дека немало повредени и немало оштетување на зградата на која бил поставен билбордот. Досега причината за пламенот не е позната.
Comments are closed for this post.