Бројот на Американци кои се идентификуваат со либералната идеологија во изминатите 17 години пораснал од 17 отсто до 26 отсто, додека бројноста на демократски ориентираните кои за себе велат дека се либерали лани се зголемила до 51 отсто, покажува најновото социолошко истражување на „Галуп“.
Припадноста на Американците кон некоја политичка идеологија не се променила – како во 2017 година така и лани 35 отсто од испитаните се нарекувале конзервативци, 35 отсто се нарекувале умерени и 26 отсто либерали. Бројот на оние кои за себе велат дека се либерали од 1992 година до денес пораснал од 17 до 26 отсто, и тоа било на сматка на намалување на бројот на умерените – од 43 отсто до 35 отсто.
Меѓутоа, од 1993 година до 2016 година бројот на конзервативци се движел од 36 отсто до 40 отсто. Во 2017 тој паднал на 35 отсто, задржувајќи се на тоа ниво и лани, покажува истражувањето.
Мнозинството од демократите се идентификуваат како либерали, дознава „Галуп“. Бројноста на демократите кои се позиционираат како либерали во 2017 година била 50 отсто и во 2018 година порасналa во просек до 51 отсто. Во 1994 година речиси половина од демократите својата идеологија ја оцениле како умерена, додека по 25 отсто од нив се позиционирале или како либерали или како конзервативци.
Овој фундаментален сооднос траел до 2002 година, кога течела првата половина од првиот мандат на Џорџ Буш – помладиот. Од 2002 година до 2014 година за време на војната во Ирак при владеење на Буш и претседателството на Барак Обама, уделот на либералите се зголемил во просек за еден отсто годишно, додека бројот на умерените и конзервативците паѓал. Бројноста на демократите кои се идентификувале како либерали од 2014 година се зголемила поактивно, во просек по два отсто годишно.
Според истражувањето на „Галуп“, мнозинство од републиканците се конзервативци и бројот на републиканци кои се нарекуваат конзервативци од 1994 година се зголемил за 15 отсто.
Мнозинство од Американците без партиска наклонетост својата политичка идеологоија ја оценуваат како умерена. Остатокот од нив се или конзервативци или либерали, но првите се за малку повеќе од вторите.
Овие показатели се темелат на комбинирани податоци од „Галуп“ и други независни истражувања кои се прават секоја година. Целосните податоци за 2018 година вклучуваат 13 истражувања а испитани биле вкупно 13 илјади возрасни лица.
Comments are closed for this post.