Саудискиот јавен обвинител обелодени дека лицето кое го наредило убиството на новинарот Џамал Кашоги било шеф на преговарачкиот тим испратен во Истанбул со цел да го врати во Саудиска Арабија.
Тој додаде дека бара смртна казна за него, како и за четири други од 11 осомничени за убиството на Кашоги.
Обвинителот додаде дека не е познато каде се наоѓа телото на Кашоги и наведе дека е во тек истрага со цел да се утврди локацијата на која се наоѓаат останките од телото на убиениот новинар.
Обвинителот посочи дека Кашоги, познат критичар на саудиската политика, е убиен во Конзулатот на таа земја во Истанбул на 2 октомври откако му била вбризгана инјекција, а неговото тело било исечено на парчиња и изнесено од зградата.
Comments are closed for this post.