Саудиска Арабија го отфрли повикот на експертот за човекови права на ОН дека престолонаследникот Мохамед бин Салман треба да биде предмет на истрага за убиството на новинарот Џамал Кашоги и истакна дека судската пракса на кралството во справувањето со случајот „не е прашање на пазарење“.
Саудискиот државен министер за надворешни работи, Адел ал Џубеир, изјави дека во извештајот на Агнес Каламар, специјална известувачка на ОН за вонсудски убиства, има „очигледни контрадикции“ и неосновани обвинувања.
– Ние жестоко го отфрламе секој обид да се допре раководството на кралството или случајот да се извади од судскиот систем на кралството”, напиша ал-Џубеир во неколку твитови.
Comments are closed for this post.