Привремената претседателка на Боливија, Жанин Анес, денеска го одби нацрт законот што го предложија сенатори за амнестија на доскорешниот претседател на земјата Ево Моралес, против кого е отворена истрага за „тероризам“ и „поттикнување бунт“
– Јасно кажуваме дека секое лице кое ќе стори злосторство, кое им се потсмева на законите и сторило злоупотреби на функцијата, нема да биде амнестирано, рече таа.
Привремената влада на Боливија во петокот поднесе кривична пријава против Моралес заради тероризам и поттикнување бунт во земјата.
Вршителот на должноста министер за внатрешни работи Артуро Муриљо изјави дека обвинувањето се темели на снимка на која наводно се слуша како Моралес ги координира блокадите во текот на протестите во земјата.

Муриљо кажа дека владата бара максимална казна за Моралес, од 15 до 20 години затвор. Моралес претходно изјави дека снимката е „монтажа“
Comments are closed for this post.