Разорни земјотреси ги погодија јужниот дел на Турција и Сирија во понеделникот, а според последните податоци, повеќе од 22.300 луѓе загинаа кога се урнаа станбените згради во кои престојуваа луѓе.
Една од зградите која е целосно срамнета со земја е новоизградениот комплекс „Ренесанс резиденс“ во Хатај, а турските медиуми јавуваат дека нејзиниот изведувач бил уапсен на аеродромот при обид да побегне од земјата.
Имено, инвеститорот Мехмет Јашар Ќоскун бил фатен на аеродромот во Истанбул откако се обидел да побегне, бидејќи по уривањето на комплексот, против него и неговиот брат Хусеин Јалчин Ќоскун била покрената истрага, а по нив била распишана потерница, пренесе турскиот портал Ахабер.
Според порталот, во зградата имало дури 250 станови во кои живееле вкупно околу 1.000 луѓе.
На социјалните мрежи е објавено видео од апсењето на Мехмет Јашар Ќоксун, кој е фатен на аеродромот во Истанбул.
Комплексот кој беше погоден од земјотресот, беше прикажан како еден од најлуксузните згради во Хатај, а неговата изградба е завршена во 2012 година.
По земјотресот бил срамнет со земја.
Comments are closed for this post.