САД ќе испратат околу илјада војници и воена опрема на Блискиот Исток како одговор на „заканата“ од Иран, изјавија синоќа од Пентагон.
Одобрив префрлање на околу илјада војници за одбранбени цели поврзани со закани од воздух, море и копно на Блискиот исток, изјави Патрик Шанахан, вршител на должноста министер за одбрана на САД.
Според него, Вашингтон не оди во конфликт со Иран. Мерката е во прилог на безбедноста на веќе присутните воени служби и заштита на националните интереси на САД во регионот. Министерот изјави дека САД вршат мониторинг на теренот и можат да донесат одлука за раширување на военото присуство зависно од разузнавачките извештаи и кредибилните закани.
Како што е веќе познато, на 13 јули во Оманскиот Залив се случија експлозии на два нафтени танкера, јапонски и норвешки. Според извори од ирански и арабски медиуми танкерите биле нападнати во близина на Ормускиот теснец. Сите 44 морнари на тие пловила се евакуирани од ирански итни служби и префрлени во пристаништето Џаск, лоцирано на територија на Иран.
Одговорноста за експлозиите САД ја префрлаат на Иран, а Техеран ги отфрла обвинувањата.
Иран се наоѓа под строги санкции наметнати од САД откако Вашингтон истапи од Заедничкиот продлабочен план (ЈЦПОА), или таканаречаниот нуклеарен договор склучен меѓу Иран и петте постојани членки на ОН плус Германија.
Експертите сметаат дека САД и Иран влегуваат во конфликт, посебно по вчерашното соопштение од иранско официјално лице дека Техеран ќе ги намали обврските кон ЈЦПОА и ќе почне збогатување на ураниум за изградба на атомска бомба.
Comments are closed for this post.