Упатен е повик до Турција да почне преговори за набавка на супер модерен руски борбен авион „Сухој-35“. Повикот стигна од производителот Ростек и тоа само неколку часа откако Турција е изземена од американската програма за доставување на супер модерниот американски ловец „Ф-35“.
Агенцијата Анадолија објави дека генералниот директор на рускиот производтеил на авионите, Сергеј Шемефов лично ја упатил поканата, кој дал гаранции дека се подготвени на Турција да ја снабдат со супер модерните „сухои“.
Овој развој на настаните доаѓа во период кога Турција ја зголеми тензијата со испраќањето четврти брод во Медитеранот во водите околу Кипар каде што се планирани дупчења за експлоатирање природен гас.
Исто така, доколку се случи нова зделка меѓу Турција и Русија со набавка на „сухои“, покрај претходната набавка на системите С-400, тоа секако дека ќе значи натамошно заострување на билатералните односи меѓу Анкара и Вашингтон.
Comments are closed for this post.