Температурата во Енкориџ, најголемиот град на Алјаска, надмина 32 степени, што претставува историски рекорд, јавуваат агенциите.

Во 17 часот по локално време, на меѓународниот аеродром во Енкориџ се измерени 90 степени според Фаренхајт (32,2 степени според Целзиусовата скала), за прв пат откако се води таква статистика, соопшти Националната метеоролошка служба на САД на Твитер.

Претходниот рекорд бил измерен на 14 јуни 1969 година и изнесувал 85 степени според Фаренхајт, што е 29,4 степени според Целзиус.

Високи температури биле измерени и на други места на Алјаска. Според објаснувањето на метеорологот Бил Лудвиг, тие биле предизвикани голема зона на високо влијание, што се наоѓала токму над Алјаска.