Парламентот е автоматски распуштен откако на полноќ по израелско време истече рокот за изгласување на буџетот, а владејачката коалиција не успеа да постигне договор.

Ликуд не сакаше избори и постојано гласавме против нив“, изјави синоќа во соопштение премиерот Бенјамин Нетанјаху, со ветување дека неговата партија ќе победи на изборите кои најверојатно ќе бидат одржани на 23 март.

Министерот за одбрана Бени Ганц го обвини Нетанјахи дека носел политички одлуки со цел избегнување судска пресуда. Против премиерот се води судска постапка, обвинет е за измама, поткуп и нарушување на довербата.

Да немаше судење, ќе имавме буџет и немаше да имаме избори“, објави на Твитер партијата на Ганц Бело и сино.