Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович, се обидува да биде миротворец во конфликтот меѓу Русија и Украина, додека ги избегнува западните санкции во Турција. Според Дејли Мејл, сопственикот на Челзи летал меѓу Истанбул, Москва и Киев за да ги пренесе пораките меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Владимир Зеленски.

Меѓутоа, кога Путин добил порака со наведените мировни барања на украинскиот претседател, шефот на Кремљ наводно збеснал.

Абрамович се обидува да си го спаси угледот откако Велика Британија и ЕУ го санкционираат поради неговата блиска врска со Путин. Неговите средства беа замрзнати па тој почна да го продава богатството во Лондон, како и фудбалскиот клуб Челзи, но и неговите јахти и авион, вредни стотици милиони фунти