Претседателот на Русија, Владимир Путин потпиша денеска декрет со која руската забрана за увоз на храна од Европската унија се продолжува до крајот на 2020 година, јавува агенцијата Ројтерс.
Русија во 2014 година воведе ембарго на увоз на широк спектар производи од ЕУ и други земји.
Ембаргото е воведено како одговор на меѓународните санкции воведени кон Москва заради нејзините наводни улоги во украинската криза.
Comments are closed for this post.