Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој на припадниците на армијата им се забранува да обезбедуваат информации за медиумите и на интернет да објавуваат податоци за себе и за своите колеги, а исто така им се забранува да располагаат со апарати за пренос на слични информации, соопшти ТАСС.
Законот утврдува забрана за информација, што овозможува да биде откриена канцеларијата, војниот дел или местото каде се извршуваат службените задолженија. На припадниците на армијата за време на извршување на обврските им се забранува да поседуваат технички апарати, што даваат можност за ширење на аудио, фото и видеоподатоци, како и апарати кои овозможуваат да биде утврдена местоположбата.
Забраната не се однесува за личниот живот на припадниците на армијата, дополнува агенцијата.
Comments are closed for this post.