Необичен протест беше организиран од продавачи на долна облека во Франција против ограничувачките мерки наметнати поради коронавирусот. Според препораките, нивните продавници се сметаат за „незначителни“ и остануваат затворени, пишува весникот „Фигаро“.
Повеќе од една недела, над 200 независни трговци со долна облека му испраќаат „протестни гаќи“ на францускиот премиер Жан Кастекс. Покрај овој занимлив гест на незадоволство, трговците упатија и отворено писмо до премиерот, во коешто ја бранат природата на нивната трговија.
Писмото потсетува дека долната облека е од суштинско значење во секојдневниот живот на луѓето и сите посегнуваат по неа кога се облекуваат наутро. Трговците се прашуваат зошто нивните продавници остануваат затворени, додека фризерските салони, на пример, се отворени и луѓето може таму да минат и четири часа правејќи фризура? Независни трговци бараат и зголемување на помошта за нив, за да можат да ги плаќаат на своите доставувачи. Проблемот не влијае на синџирите за долна облека, кои имаат можност да вратат стока што не ја продале, а кај независните трговци, тоа не е случај.
Канцеларијата на Кастекс потврди дека ги добиле пакетите облека, без да појаснат каква е нивната содржина. Претставниците на Кабинетот на премиерот соопштија дека пратките најверојатно ќе бидат дарувани во добротворни цели.
Comments are closed for this post.