Антивладини демонстранти во Портланд и Сиетл ги разбија канцелариите на Демократската партија и некои други објекти, за време на синоќешниот конфликт со полицијата, протестирајќи против инаугурацијата на американскиот претседател Џо Бајден.
Како што пренесуваат странските агенции, луѓе облечени во црно, со маски на лицето, кршеле прозорци и врати во канцеларијата на Демократската партија во Портланд.
Осум лица се уапсени во Портланд под сомнение за насилство и несовесно подметнување пожар, додека уште две лица беа уапсени во Сиетл, едното за напад, другото за уништување на имот, соопшти полицијата.
Пред да упаднат во канцеларијата на Демократската партија во Портланд, група од околу 150 лица се судри со полицијата.
Во Сиетл, полицијата истакна дека неколку места во градот биле вандализирани.
Comments are closed for this post.