Германскиот амбасадор во Венецуела, Даниел Кринер, е прогласен за непожелна личност и е замолен во рок д 48 часа да ја напушти земјата, соопшти министерството за надворешни работи на јужноамериканската држава. Властите во Венецуела го образложија протерувањето на амбасадорот поради „мешање во внатрешните прашања на земјата“.
По таквата одлука на министерството, со став се јави лидерот на венецуелската опозиција, Хуан Гваидо, кој протерувањето на Кринер го оцени како директна порака.
Ваквата постапка претставува закана за упатена кон Германија – изјави Гваидо за германскиот весник „Шпигел“.
Одлуката за протерување на амбасадорот доаѓа два дена откако тој, заедно со дипломати од други земји, го пречека Гваидо на аеродромот во главниот град на Венецуела, Каракас.
На протерувањето на Кринер, стигна одговор од Германија преку министерот за надворешни работи, Хајко Мас, кој најави дека Германија и нејзините европски партнери ќе продолжат да го поддржуваат лидерот на опозицијата на Венецуела.
Ова е целосно неразбирлива одлука, која дополнително ја отежнува состојбата и ги подига тензиите – изјави Мас.
Comments are closed for this post.