Полицијата на Нов Зеланд го пронајде телото за кое верува дека е исчезнатата британска туристка Грејс Мелајн (22). Полицијата уапсила еден 26-годишен маж и рекла дека тој ќе биде обвинет за убиство.
Неколку часа пред ова соопштение, од полицијата било изјавено дека веруваат дека исчезнатата Грејс е убиена. Инспекторот на оуклендската полиција, Скот Бирд, рекол дека доказите кои полицијата ги собира покажуваат дека Грејс „повеќе не е жива“.
Осомничениот е во притвор, а пронајдено е и возило за кое се смета дека во него била Грејс.
Нејзиниот татко Дејвид Мелејн (60), градежен милијардер, пристигнал на Нов Зеланд и одржал пресконференција на која не може да ги скрие солзите.
Последен пат се слушнавме на 1 декември и многу сме загрижени. Таа е прекрасна, отворена, љубезна ќерка која го обожава своето семејство. Никогаш не минало толку време, а да не се слушнеме. На Нов Зеланд пристигна на 20 ноември и нè бомбардираше со фотографии и приказни од своите авантури. Многу сме вознемирени и не можам да ви објаснам низ што минуваме”, порачал таткото.
Comments are closed for this post.