Иако е Чернобил симбол за токсичен град, сепак според листата на институтот Блексмит, најотрвното место во светот се наоѓа во Гана.Оваа сиромашна држава во Африка ја има депонијата во градот Акра која е вистинска Содома и Гомора.

Тука се складираат годишно околу 215.000 тони употребена електротехника од цела Европа која испушта отрови кои се опасни за населнието кое чепка по нив надевајќи се дека ќе најде нешто вредно за да го продаде и да заработи некој долар.

Најбарани се каблите од кои се нади бакарот како и стиропорот кој го користат за огрев.

Погледнете како изгледа оваа депонија.