Американската прва дама, Меланија Трамп, објави дека нејзината портпаролка, Стефани Гришам, ќе биде новата прес-секретарка на Белата куќа.

Гришам, која е заедно со семејството Трамп од 2015 година, ќе ја преземе и должноста директорка за комуникации.

Не можам да замислам личност коа подобро ќе служи на американската администрација и на нашата земја“ – напиша на Меланија Трамп на Твитер.


Гришам доаѓа на местото на Сара Сандерс, која ќе ја напушти функцијата до крајот на месецот.