Поранешниот украински претседател Петро Порошенко можно е во текот на следното сослушување да биде испратен на детектор за лаги, соопшти шефот на државното истражно биро Роман Труба.
-Петро Попрошенко денеска беше испитуван заради сомнението дека затаил данок при купувањето на телевизијата Пријамол. Не ја исклучуваме можноста во текот на следното испитување да може да биде искористен детектор за лаги, напуша Труба на Телеграм.
Тој кажа дека тоа не е нешто посебно и додаде „ целиот наш персонал секоја година минува низ таков психофизиолошки тест“ пренесе Тасс.
Порошенко во два случаи е испитуван во својство на сведок и се уште не постојат обвиненија против него, изјави портпаролот на Истражното биро
Comments are closed for this post.