Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска потврди дека ги игнорира повиците на украинскиот лидер Петро Порошенко.
Порошенко изјавил дека се обидел да дојде до Путин преку телефон во текот на кризата меѓу двете земји, но открил оти Путин ги игнорирал неговите повици, пренесува „АП“.
Рускиот претседател потврдил дека ги одбил повиците на Порошенко, кој го обвинува за разгорувањето на најновата криза за постигнување на политички поени.
Путин изјавил за руските новински агенции дека не станува збор за тоа дека тој не сака да разговара со Порошенко, туку дека не е сака да учествува во неговата предизборна кампања.
Comments are closed for this post.