Повеќе од 1.000 посетители на музејот Таџ Махал се евакуирани по анонимна дојава за поставена бомба, соопшти полицијата.

Во соопштението се вели дека неидентификувано лице се јавило во полицијата на Утар Прадеш, тврдејќи дека во просториите на музејот е поставен уред што наскоро ќе експлодира.

Повикот е примен на бројот 112 за итни случаи, пренесува „Спутник“.

Полицискиот тим кој го обезбедил споменикот врши претрес во просториите на Таџ Махал, иако се сомневаат во вистинитоста на информацијата.

Таџ Махал изграден од бел мермер помеѓу 1631 и 1648 година во Агра, Индија. Го изградил царот Шах Џахан во спомен на неговата сакана сопруга.

УНЕСКО го смета Таџ Махал за најголемо архитектонско достигнување во индо-исламската архитектура. Овој објект е еден од седумте чуда на новиот свет.