Американскиот државен секретар Мајк Помпео од 12 до 14 мај ќе престојува во Москва и Сочи на средби со рускиот државен врв, соопшти денеска Стејт департментот.
Помпео в понеделник ќе се сретне со неговиот тим од амбасадата на САД во Москва, а потоа и со американски бизнисмени и дипломци кои студирале во Русија. Планирано е во Москва државниот секретар на САД да положи венец на Гробот на незнајниот војник.
Следниот ден Помпео ќе отпатува за Сочи каде треба да се сретне со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и со претседателот на Русија, Владимир Путин. На средбите ќе се разговара за повеќе билатерални и мултилатерални предизвици, се наведува во соопштението.
Ова е прва посета на Помпео на Русија во својство на државен секретар.
Comments are closed for this post.