„Вол стрит журнал“ пишува дека полубратот на лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун кој беше убиен бил во контакт со неколку безбедносни служби.Конкретно, се споменува ЦИА.
Ким Џонг Нам со службите се среќавал најчесто во Сингапур и Малезија. Полубратот на Ун бил снимен во Малезија со уште еден човек за кого се претпоставува дека бил американски разузбувач а во ранецот на Нам наводно биле пронајдени 120.000 долари.
Ким Џон Нам беше убиен во февруари 2017 година токму во Малезија. За убиството биле обвинети две жени кои го испрскале со отровен агенс „VX“ на аеродроот во Куала Лумпур.
Comments are closed for this post.