Полицијата во Полска користеше водени топови и солзавец, а уапси десетици екстремисти кои се обидоа да го запрат одржувањето на парадата на гордоста во градот Лублин во конзервативниот исток од земјата.
Владејачката конзервативна партија Право и правда го опишува ЛГБТ движењето како закана за полските традиции, а противењето за геј правата е клучна тема на кампањата пред општите избори закажани за 13 октомври.
Градоначалникот на Лублин го забрани одржувањето на парадата на гордоста, но судот ја поништи неговата одлука.
На Маршот на еднаквоста присуствуваа повеќе од стотина луѓе кои носеа знамиња во боја на винижитото и транспаренти на кои пишуваше „љубов е љубов“.
Од друга страна, учесниците на десничарскиот протест носеа слика на двајца мажи, на која пишуваше „Вакви луѓе сакаат да ги учат вашите деца. Запрете ги“.
Во Полска нема голем број на паради на гордоста пред активистите минатата година да започнат со организирање и во конзервативни места. Во 2017 година одржани се седум, минатата година 15, а од почетокот на 2019 рекордни 25.
Comments are closed for this post.