Во последните две години поставени се апарати за набљудување во близина на Белата куќа. Апаратите ги постави Израел, изјавија поранешни американски претставници за магазинот „Политико“.

Апаратите за надгледување на мобилните телефони наменети се за шпионирање на американскиот претседател Доналд Трамп и откриени се во текот на неговиот мандат.

Портпаролот на Амбасадата на Израел во Вашингтон изјави дека „таквите обвиненија се апсолутна глупост“.

„Израел не извршува шпионски операции во САД, точка“, изјави Елас Строхмајер.

Додека поранешен американски разузнавач истакна дека е „прилично јасно дека Израелците се одговорни“.

Белата куќа одби да ги коментира наводите.

„Политико“ објави дека се сомнева дека Израел ја прислушува комуникацијата на Белата куќа.

„Израелците се прилично агресивни. Тие се грижат само за заштита на безбедноста на државата Израел и се ќе направат за да ја постигнат таа цел“, посочи поранешниот неименуван американски разузнавач.

„Политико“ истакнува дека администрацијата на американскиот претседател Трамп не презела мерки како одговор на однесувањето на Израе