Долгогодишниот политички активист Моше Лион е избран за градоначалник на Ерусалим, што претставува победа на ултраортодоксните еврејски жители на градот.
Лион, кој е поддржан од голем дел на израелското раководство, објави победа над својот ривал Офер Беркович, по многу контроверзна трка меѓу двајцата кандидати. Според речиси комплетните резултати по вчерашниот круг од изборите, Лион доби скоро 52 отсто од гласовите. Лион ужива поддршка од главните ултраортодоксни фракции и нивните претставници во Владата, како и министерот за одбрана Авигдор Либерман и влијателни личности во владејачката партија Ликуд.
Триесетипетгодишниот Беркович е светски активист, кој почна прогресивна програма против религиозните тврдокорни лица.
Хетерогената популација во Ерусалим е составена речиси подеднакво од палестинските Арапи, ултраортодоксните Евреи и останатиот дел од еврејски жители, како секуларно настроени така и религиозни.
Градоначалникот нема посебно влијание врз политиката и дипломатијата на Блискиот Исток, но има силно присуство како на национален, така и на меѓународен план.
Comments are closed for this post.